Филипче: Вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче посочува дека вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донеле очекуваните резултати.

„Прв пат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и сите оние кои сѐ уште не се пријавиле на vakcinacija.mk што поскоро да го направат тоа“, истакна Филипче.