Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека од вчера во функција е ставена и болницата „8-ми Септември“, а се става во функција и болницата во Битола, како и мобилната болница на Инфективната клиника.
„Од вчера е ставена во функција болницата 8-ми Септември. Таа беше ставена и досега во функција на позитивни случаи на кои им требаше друга здравствена состојба. И сега останува така, но веќе почнува доколку треба, и да се користат и креветите на располагање. Исто така подготвена е и мобилната болница на Инфективната клиника и таа ќе биде ставена во функција веднаш штом се исполни капацитетот на Инфективната клиника. Исто така во функција ја ставаме и болницата во Битола“, рече Филипче.
