Венко Филипче, министерот за здравство денеска беше во посета на Гинекологија. Тој после тоа се обрати на медиумите, и кажа за одлуката за затворањето на модуларната болница, на сметка на интерните клиники.
„Здравствените услуги на интерните клиники не престанаа. Но се одвиваа физички во некои други делови од зградата. На некој начин медицинските сестри и лекарите не мораат да се ротираат и во модуларната болница. Оваа одлука беше попрактична и за лекарите, и за медицинските сестри“, рече Филипче.
Тој напомена дека модуларната болница може да биде отворена во секој момент, но се надева дека нема да дојде до таков момент.
„Напоменувам дека модуларната болница е подготвена да биде отворена во секој момент. Но, јас искрено се надевам дека ќе нема потреба“, рече Филипче.
Коментарајќи ја ситуацијата со коронавирусот во моментов во земјава, Филипче рече дека истата е стабилна и дека и натаму продолжува трендот на намалување.
