Во изминатите неколку дена наголемо се шпекулира дека оваа сезона финалето од Лигата на шампионите ќе биде во друг град, наместо во Истанбул, кој од претходно беше одбран за домаќин на финалниот меч.
Угледниот „Њујорк Тајмс“ пишува дека УЕФА веќе донела одлука финалето да се игра во Лисабон.
Лисабон покрај Истанбул беше еден од кандидатите за финалниот меч, а на крајот турскиот град ја доби организацијата. УЕФА наводно како причина го образложува фактот што Турција нема да може да го организира овој меч без присуство на гледачи.
Конечната одлука ќе биде донесена на 17 јуни, кога ќе заседава Извршниот одбор на УЕФА.
