Комисијата за европски прашања на продолжението на 54 седница го разгледа предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д по скратена постапка.
На оваа седница со четири гласа ЗА и девет ПРОТИВ, ниту еден ВОЗДРЖАН, не се усвои амандманот предложен од пратениците Антонио Милошоски, Ели Панова, Мирче Аџиоски, Игор Здравковски, Миле Лефков и Тони Јаревски. Со овој амандман се бараше во член 2, да се додаде член 2а. Побараа од Владата Договорот за изградба да биде објавен на Службен весник во рок од 7 дена од стапувањето на сила, но оваа барање беше одбиено од министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, изјави дека компаниите кои ќе учествуваат во изградбата на коридорите нема да бидат ослободени од даноците и придонесите, но нема да платат само индиректни даноци.
Досега на комисиска расправа поминаа Законот за работни односи, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градба, а денеска ќе се расправаше и за Законот за експропријација.
