Финска најнова членка на НАТО – „Ерата на воена неутралност заврши, почнува нова ера“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија веќе не е најновата членка на НАТО. Финска стана 31-та членка на Североатлантската Алијанса. Со свечена церемонија знамето на ова нордиска земја беше подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

„Ерата на воена неутралност во нашата историја заврши и почнува нова ера, Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска.“, рече Саули Нинисто, претседател на Финска.

„Кога видоа дека претседателот Путин не само што ѝ се закануваше на Украина, туку и се закануваше на секоја нација во Европа која сака да донесе сопствена одлука дали ќе влезе во НАТО или не, тогаш Финска одлучи да се приклучи на Алијансата. НАТО станува посилна, Финска побезбедна со учество во Алијансата каде што ја гарантираме безбедноста на сите сојузници. Целите на НАТО не се да предизвика конфликт, туку да спречи конфликт, а секое недоразбирање или погрешна пресметка е опасна.“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг вети дека ќе продолжи да работи напорно за членството на Шведска, чиј протокол сè уште не е ратификуван од Турција и Унгарија.

„Голем ден е да ја имаме Финска како членка, но ќе се погрижиме и Шведска да стане полноправна членка. Мора да потсетиме дека сите сојузници се согласија да ги поканат и сите го потпишаа пристапниот протокол, но она што ја засега Шведска е ратификацијата во два парламенти. Убеден сум дека тоа ќе се случи.“, вели Столтенберг.

Сè додека продолжуваат напорите за поголема Алијанса и посилно единство меѓу сојузничките земји, не е оставена настрана ниту Украина, која продолжува да ја има економско-финансиската поддршка, но пред се воената,за да се соочи со руската агресија. Украинскиот министер за надворешни работи Димитри Кулеба беше во НАТО, каде што се одржа и Комисијата НАТО-Украина. Тој повтори дека неговата земја има за цел членство во НАТО

„НАТО и Украина и требаат една на друга. Ова е многу едноставно. Ја ценам практичната поддршка која ја добиваме од Алијансата, но нема подобро стратешко решение за да воспоставиме стратешка безбедност на евро атлантскиот регион отколку со членството на Украина во Алијанса.“, изјави Кулеба.

На оваа средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се разговара и за безбедносни прашања поврзани со Блискиот Исток и Северна Африка. Ќе има средби и со партнерите од Азија исто така и од Нов Зеланд, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја, во време кога се гледа дека Русија и Кина се повеќе се зближуваат и соработуваат меѓу себе.

Бесир Арифи, ТВ21, Брисел