Фитим и Фадиљ со децении не можат да добијат државјанство, а Онишченко го доби документот „додека да трепнеш“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има многу граѓани кои во Македонија живеат со децении, но државата никако да им издаде државјанство. Дури, за повеќето од нив се сметаше дека се „опасни за државата“

Таков е случајот на Фитим Нухиу, кој неколкупати аплицирал за државјанство, но секогаш добивал негативен одговор. Како што вели, веќе се откажал од залудното поднесување барања.

„Во Скопје дојдов пред 10-11 години. Се оженив со жена, државјанка на Македонија, но ме одбија. По вторпат добив негативен одговор. Ми дадоа апсурден одговор – дека сум опасен за националната и државната безбедност“, вели Фитим Нухиу.

Во уште понезавидна ситуација е Фадиљ Цури, кој веќе 60 години живее во Македонија. Основно, средно и високо образование завршил во Скопје, но сѐ уште нема македонско државјанство, бидејќи надлежните го сметаат за „опасен за државата“.

„Кога бев млад имав државјанство, но во 1980 заминав во Косово и поради преселувањето… Во тоа време јас бев студент и требаше да учам за книжевноста, му пишав на Министерството за образование на Албанија околу новите книги кои се издаваа таму, било албански или светски. Ми ги испратија книгите, но по само две недели ми испратија и покана за разговор во полиција… Бев принуден да се преселам во Косово“, додава Фадиљ Цури.

Но, чудно како контроверзни луѓе успеваат да се стекнат со македонско државјанство!

Украинскиот олигарх, Олександр Онишченко, овој документ го доби за брзо време и без никаков проблем, а одлуката за давање согласност се засновала на „чистото досие“.

Директорот на АНБ, Виктор Димовски, вчера изјави дека е констатирано дека пропустот е направен поради отсуство на меѓународни консултации со НАТО партнерите. Сепак, ова не е единствениот пропуст на државните безбедносни институции. И минатата година беше објавен скандал во врска со давање државјанство на турскиот државјанин, Седат Пекер кој во Турција се бараше за убиство и трговија со дрога.