Фластери и мастики со никотин – лекарите ќе ги препишуваат како терапија за помош за откажување од тутун

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичните лекари ќе може да препишуваат фластери и мастики со никотин, како лекарства за прекинување на пушењето. За ова ќе започнат координирани активности на сите институции што можат да придонесат за граѓаните да се откажат од пушење.

„Конкретно, се работи за трансмедални фластери, со мастики со никотин што може да ги користат граѓаните за да се откажат од тутунот. Целта, како што нагласив е да се обезбеди нивно присуство на пазарот, а истите да се употребуваат од граѓаните и фарвацевтските компании и да бидат на пазарот, коако и да можат матичните лекари да ги препишуваат за употреба“, вели Азир Алиу.

Аким Али од СЗО изјави дека 14 од 100 млади пушат тутун а 9% електронски цигари. Спооред него, годишно во земјава околу 3600 луѓе умираат од пушење. Тој истакна дека зависноста од никотин не е поврзана само со традиционалните цигари, затоа што индустријата еволуирала содавајќи модерни продукти.

„Предизвикот е дека овие производи се особено привлечни за младите. Зад живописните бои, елегантните пакувцања и слатките вкусови, се крие јасна намера: да се нормализира употребата на никотинот и да се создаде долгорочна зависност кај младите“, вели Аким Али. 

Според резултатите на анкетата на ИЈЗ во 2023 година во соработка со СЗО, до 45.4% од возрасната популација изјавиле дека се активни пушачи, што ја прави сутацијата алармантна.

Ова беше кажано на Светскиот ден без тутун. Инаку, според СЗО, употребата на тутун ја оптоварува Македонија со трошок од околу 38 милијарди денари годишно.