Фон дер Лајен: Бугарија да не ја попречува Македонија! Ковачевски ги отфрли обвинувањата на опозицијата за тајни преговори со Бугарија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при посетата на Софија порача дека Бугарија треба да придонесе во одлуката за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската унија. Ваквата одлука, Европскиот совет ја донесе уште пред две години, истакна фон дер Лајен на заедничката прес конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, притоа потсетувајќи и на обврската за исполнување на правата на малцинствата.

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕК 22.54 – 23.34
„Сакам да ве потсетам сите дека во 2020 година Европскиот совет донесе голема одлука за исчекор и да каже – Сега е време, како што ветивме да ги почнеме пристапните преговорите со Северна Македонија и Албанија. Европскиот совет потврди дека ова е обврзувачки збор. И мислам дека е важно сега да испорачаме заедно. А за вас, сакам да кажам многу јасно дека темата за заштита на малцинствата е основната вредност на Европската унија“, реле Фон Дер Лајен.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека и натаму напредуваат контактите и разговорите со Бугарија, но дека се уште нема конечно решение. Потребно е брзо, но не избрзано решение, рече тој. За обвинувањата на опозицијата дека власта води тајни преговори со Бугарија, Ковачевски ова ги отфрли како неточни.


„Не постои никакво тајно преговарање ниту било каков таен договор. Вие знаете дека со односите со Бугарија имаме односи кои што се базираат на искрена комуникација помеѓу двете влади помеѓу двата премиери и веќе работат работни групи со конкретни резултати. Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, штом ќе има документ или решение кое што е прифатливо за двете страни тогаш тоа ќе биде соопштено Во овој момент такво заемно прифатливо решение не постои“, рече Ковачевски.

А откако вчера обвинија дека власта склучува тајни договори со Бугарија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците да образложи за што точно се преговара со официјална Софија. Барањето е потпишано од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во кое се бара пред Комисијата за надворешна политика да се достават документите за кои се преговара

„Денес испративме барање до премиерот Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт документите за кои што Владата на Македонија разговара со официјална Софија за да можеме во еден заеднички инклузивен процес да ги разгледаме овие битни прашања кои што се важни во македонско-бугарските односи исто така се важни и за евроинтеграците“, вели Милошоски.

Неодамна министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека има лица од македонски институции кои се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот. За ова денеска потврди и премиерот Ковачевски кој рече иако не сакаше конкретно да каже што е преземено, сепак рече дека се постапува за овој случај.