Европската Унија никогаш нема да заборави што се случи во Сребреница пред 30 години, ја признава својата одговорност за неуспехот да се спречи геноцидот и нема да дозволи историјата да се повтори, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во изјава по повод 30-годишнината од геноцидот во босанскиот град.
„ЕУ никогаш нема да заборави што се случи во овој град. Го прифаќаме нашето минато и ја признаваме нашата одговорност за неуспехот да се спречи и запре геноцидот“, изјави претседателот на Комисијата.
Фон дер Лајен нагласува дека ЕУ нема да дозволи историјата да се повтори и „отфрла и осудува какво било негирање, искривување или минимизирање на геноцидот во Сребреница, како и глорификацијата на воените злосторници“.
Претседателот на Комисијата вели дека голема одговорност лежи кај политичките лидери, особено кај оние во БиХ и Западен Балкан.
„Тие мора да бидат пример во признавањето на утврдените факти и вистинското почитување на жртвите. И тие мора активно да работат за помирување преку соочување со корените на омразата што доведоа до овие злосторства. Тоа е единствениот пат кон посветла и попросперитетна иднина за следната генерација“, се вели во соопштението.
