Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефицата за надворешни работи на ЕУ, Каја Каласу, денес изјавија дека се шокирани од нападот во училиштето во Грац, во кој, според градските власти, загинаа десет лица.
„Секое дете треба да се чувствува безбедно во училиште и да може слободно да учи таму, без страв или насилство“, напиша Каја Калас на X, додавајќи дека е „длабоко шокирана“.
„Веста од Грац ме погоди силно. Училиштата се симболи на младоста, надежта и иднината“, напиша таа на X.
„Тешко е да се прифати дека училиштата стануваат места на смрт и насилство“, додаде таа.
