Фон дер Лајен утре, Вархеји во среда во посета на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.

Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Утре, пак, во посета на нашата земја доаѓа Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.