Пред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија.
Таа додаде дека нова методологија треба да ја обнови довербата помеѓу сите страни и да ги забрза структурните реформи.
Таа наведе дека и утре во Брисел се организира донаторска конференција за обнова на Албанија по минатогодишниот разорен земјотрес. Неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
