Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Тува во јужен Сибир, соопшти огранокот Алтај-Сајан на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 325 километри југозападно од главниот град на Тува, Кизил, 52 километри западно од градот Ак-Довурак.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.
