Иран ги претстави своите барања и резерви на пакистанските посредници во врска со американските предлози, изјави за Ројтерс извор вклучен во преговорите.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Исламабад преку ноќ и утрово се сретна со началникот на пакистанската армија и министрите за внатрешни и надворешни работи.
Директни разговори меѓу САД и Иран не се планирани за овој викенд, иако Белата куќа соопшти дека пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе отпатуваат во Исламабад денес.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран дал понуда, но дека не знае за каква понуда станува збор.
Трамп инсистира дека секој евентуален договор мора да вклучува откажување на Иран од нуклеарната програма и дозволување нафтата слободно да тече низ Ормускиот теснец.
