Форд предупредува дека пазарот на електрични возила во САД може да се преполови без даночни олеснувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новите мерки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и укинувањето на даночниот кредит од 7.500 долари за купување нови електрични возила, би можеле значително да ја погодат американската индустрија за електрични возила, предупреди извршниот директор на Форд, Џим Фарли.

„Не би ме изненадило ако уделот во продажбата на електрични возила во Соединетите Држави падне на пет проценти“, рече Фарли на настан во Детроит. Во моментов, електричните автомобили сочинуваат околу 10 проценти од американскиот пазар.

Падот на побарувачката веќе влијае на финансиските резултати на компанијата, објавува CNN.