Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гости се Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и Мирјана Фотевска со кои разговаравме за ЛГБТ заедницата.
Ги запрашавме зошто токму сега се одлучиле да истапат и да проговорат за своето искуство како родители на ЛГБТ деца.
Мирјана Фотевска вели дека нивното искуство било поинаку бидејќи со нивниот син имале разговори за сексуалноста уште од рани години.
„Кога ни кажа официјално дека е геј, тоа беше навистина во раните тинејџерски години и поради фактот дека живееме во развиена земја немавме некои проблеми посебни. Јас од почетокот имав некои мои стравови кои беа поврзани со тоа како ќе биде прифатено тоа, дали ќе има проблеми со своите пријатели“, посочи Фотевска.
Таа вели дека во земјата каде што живеат сите отворено разговараат на оваа тема, а причината поради која се одлучиле да проговорат во Македонија за ова е нивното искуство да помогне на подобрување на ситуацијата на ЛГБТ лицата и нивните родители.
Во продолжение целата изјава:
