Додека траат последните консултации околу тоа колку ќе трае полицискиот час престојниот викенд, ТВ21 забележа раздвиженост во центарот на Скопје.

Граѓаните го користат убавото време за прошетка, но притоа се гледа дека ги „фрлија“ маските. На фотографиите никој немаше маска со која ги покрива устата и носот.

Од друга страна, забележливо беше дека кафулињата и рестораните се подготвуваат за отворање. Тоа веројатно нема да се случи оваа недела, но веќе другата се чини ќе биде поинаква приказната.



