ФОТО: Нови детали за полициската акција во Крушопек

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како што извести претходно ТВ21 полициската акција која попладнево се спроведуваше во Крушопек, Општина Сарај, е дел од голема меѓународна акција во борбата против трговијата со дрога во која учествувале италијанската полиција и американската ДЕА.

Целата пратка на дрогата чие потекло е од Колумбија, изнесувала 1,3 тони, но италијанската полиција го пресретнала каналот на шверц.

Според неофицијалните информации на ТВ21 само едно пакетче од еден килограм италијанската полиција го пуштила во камионот натоварен со банани со намера да ја следи пратката и да види која е крајната дестинација.

Неофицијални извори за ТВ21 велат дека целиот камион и пратка требале да стигнат во Македонија. Од МВР ја потврдија акцијата, но деталите ги најавија за утрешниот ден.