ФОТО: Полиција упадна во скопски ресторан – „Прв пат излегувам по коронава, летаа маси, столици на сите страни…“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пет полициски возила и екипи на пазарниот инспекторат се присутни пред еден познат угостителски објект на булевар Илинден, јавува репортерот на ТВ21.

Во тек е акција за која повеќе информации очекуваме од Министерството за внатрешни работи.

На социјалните мрежи дел од присутните пишуваат дека имало физичка пресметка.

Пристигна и возило на Итна медицинска помош.

Очекуваме повеќе информации, екипа на ТВ21 останува на терен….