ФОТО: Поставил железна платформа без одобрение – инспекторатот на Град Скопје веднаш реагирал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инспекторатот на Град Скопје посочува дека вчера бил извршен вонреден инспекциски надзор на улицата „Анкарска 23“ од страна на Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје и Комуналните инспектори.

Од таму додаваат дека правен субјект поставил железна платформа која немала одобрение и истата е поставена спротивно на Правилникот за урбана опрема.

Инспекторатот веднаш реагирал и направил записник, а сопственикот е задолжен во рок од 3 дена да ја отстрани железната платформа и просторот да го врати во првобитна состојба.