(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ постави транспарент на Триумфалната порта против актуелната власт: „Ова е бројчаникот на Заев“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово се појави транспарент на триумфалната порта во Скопје, кој е наменет против актуелната власт.

Тој е насловн како „бројчаникот на Заев“, откако премиерот пред три години најави бројчаник на портата, кој ќе брои за украдените пари на тогашната власт предводна од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројчаникот на ЗАЕВ – 1.136 починати, 39.760 заразени, 2 милијарди евра долг, 40.000 избркани од работа, вето од ЕУ“, стои во транспарентот.

Транспарентот е поставен од ВМРО-ДПМНЕ, а портпаролот Наум Стоилковски одржа и прес-конференција.