Топлината на Бадник и на Ургентен клинички центар.

„Во духот на традицијата, годинава под посебни мерки и протоколи со моите колеги дежурни на Клиниката и припадниците на Армијата кршевме бадниково лепче со паричка“, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Најсреќни годинава, сестра Тања и војник Ива од специјалната единица Ренџери.
„На сите здравствени работници кои ѝ вечерва ќе се грижат за болните, на оние кои се дома, но во мислите со своите пациенти и на сите граѓани, посакувам вечерва домот да ви е исполнет со љубов и спокој. Честит Бадник!“, додава министерот Филипче.

