ФОТО: Сообраќајка во Автокоманда, возило превртено на покрив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајка незгода се случи утринава во скопската населба Автокоманда. Едно возило заврши превртено на покрив спроти градинката во оваа населба на булеварот „Александар Македонски“.

Засега не е познато како се случила сообраќајната незгода.

Пред два дена на истиот булевар, но во правец кон излезот на Скопје, „Југо“ удри во бандера и излета од патот при што возилото беше целосно уништено.