ФОТО: Тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена Звезда, крваво лице на еден кошаркар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред вечерашната пресметка помеѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА лигата која може да биде и решавачка доколку победи Црвена Звезда, и така ќе го освои трофејот, шокантни вести од Белград за настан кој се случил за време на еден тренинг пред вечерашниот меч.

Кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанeли наводно го удрил со бокс во главата Стефан Лазаревиќ, кошаркарот на Црвена Звезда во ходникот пред соблекувалната во Белградската Арена.

Се огласи и тимот на Црвена Звезда кој го потврди инцидентот.

„Црвена звезда ја известува јавноста дека во неделата наутро нашиот првотимец Стефан Лазаревиќ се здоби со повреди кои се карактеризираат како „тешки физички повреди“ по физички напад на играчот на КК Партизан Џејмс Нанали.“, стои во соопштението и објави фотографија како изгледа лицето на својот кошаркар.