ФОТО+ВИДЕО: Тетово е под вода! Обилни врнежи од дожд проследени со град…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер.

Во моментов голем број на сообраќајници се под вода, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.

Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има се уште врнежи од дожд и град.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека има барање за целосно исклулување на струјата во Тетово поради опасноста кон граѓаните од струен удар.

Се бара исклучување на струјата во цело Тетово оти постои ризик по граѓаните од струен удар

За интензитетот на невремето информираа и од УХМР.

„Силно развиено облачно јадро од кое има поројни врнежи, засилен ветер, грмежи и појава на град. Некое особено движење нема и се здржува во северен Полог“, велат од УХМР.