Во скопската населба Бутел 2 попладнево се случило убиство.
Убиството се случило на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а голем број на полициски единици веќе се на терен, јавува репортерот на ТВ21
„Имаме пријава за слушнати истрели. На терен се екипи“, велат од МВР за ТВ21.
Неофицијално има едно починато лице со иницијали К.И., а на терен се три амбулантни возила.
