На Ибуш Адеми на личната карта му пишува дека е роден во далечната 1918 година, и денес тој има 103 години.
Денеска, на отворениот ден желба за посета на Министерството за надворешни работи изразил и 103 годишниот Адеми, кој се сретна и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во разговор со министерот, 103 годишниот Адеми истакна дека живее сам и се уште не бил да се вакцинира.

Откако заврши разговорот и посетата, министерот му препорача да одат заедно на вакцинација, а Адеми прифати.
Тие ја посетија Поликлиниката Чаир, а таму докторите излегоа надвор и откако го прашаа информации околу здравјето и можни алергии, го вакцинираа во автомобилот, без тој да мора да излезе надвор.
