ФОТО/ВИДЕО: Добредојдовте – „Њу Шепард“ успешно слета на Земјата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, леташе во вселената со својот ракетен брод „Њу Шепард“ во историски подорбитален лет, што е нова пресвртница во приватното вселенско патување.

Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми.

По седум минути и 25 секунди, леталото успешно се приземји. По три минути и капсулата со екипажот се спушти на земјата.

Сите членови на екипажот излегоа со насмевка од капсулата, а беа дочекани со аплауз од насобраните членови на нивните семејства и новинарите.

„Њу Шепард“ беше лансиран во 15:00 часот по македонско време, од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас.

Пустинското место на полетувањето беше на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Покрај Безос, кон Вселената патуваа и неговиот брат Марк Безос, 82-годишната пионерка жена-авијатичар Воли Фанк и 18-годишниот Оливер Даeмен.

Во продолжение и видео од целиот лет: