ФОТО+ВИДЕО: Како изгледаше акцијата во Арачиново и што е пронајдено и запленето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обивнителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јосифово, валандовско при што се одземени близу два тона марихуана, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Посочи дека веднаш по добивањето на пријавата преземени се соодветни мерки и активности и по добиени оперативни сознанија извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените.

Досега, потенцира, имаме шест осомничени лица за кои имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува и продолжува.

– Во координација со Јавното обвинителство од Гевгелија продолжуваме со преземање мерки и активности се до целосно расчитување на овој случај, истакна Ангеловски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека дел од осомничените се приведени, а имаат обезбедени докази за шест осомничени лица. – Ова се сите информации кои можеме засега да ги споделиме, додаде Ангеловски.

„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази.  Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече Ангеловски.