ФОТО+ВИДЕО: Патнички авион излета од писта во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион од типот Боинг 737 на компанијата „Утер“, излета од писта на аеродромот Усинск во Русија. Авионот со 94 патници плус шест членови на екипажот, летал од Москва, и при слетувањето во Усинск се излизгал поради лошите временски услови и снегот во овој град.

За среќа сите патници и членови на екипажот се добро, само неколкумина минале со мали повреди.

Видео од слетувањето и фотографии од несреќата се појавија на социјалните мрежи.