ФОТО/ВИДЕО: Заев ги шеташе Рама и Вучиќ низ Скопје, па ги почасти со кафе на плоштад

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска се во Скопје каде одржаа и кафе средба со премиерот на Македонија, Зоран Заев, информира репортерот на ТВ21.

На оваа средба присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Инаку, утре во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење.

На овој значаен настан ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“.