Во еден двор во Бризбејн се сокрил дијамантски питон, но не секој може веднаш да го забележи.
И додека некои од корисниците на Фејсбук пишуваат како веднаш го забележале, други велат дека морале да ја зумираат фотографијата.
Патем, ако сè уште не сте го пронашле, питонот е скриен во долниот лев агол на фотографијата.
Фаќачот на змии Брајан Робинсон изјавил дека дијамантскиот питон е најчестата змија во околината на Бризбејн.
Тој додава дека оваа змија не е отровна и обично не претставува никаква опасност за луѓето.
Робинсон исто така потврдил и дека питонот бил пуштен во дивината, што е вообичаена практика на фаќачите на змии во Австралија по интервенциите.
