ФОТО: Замрзна водопадот во Лерин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водопадот Полипотамос во Лерин прекриен со мраз е импресивен пример за моќта на природата, но и ретка глетка која кај нас тешко може да се најде.

Природата им понуди уникатен спектакл на жителите на Лерин, бидејќи водопадот во Полипотамос целосно замрзна, создавајќи импресивен пејзаж. Лошото време што го погоди регионот, донесе поларни температури, при што живата во текот на ноќта достигна -12 степени Целзиусови.

Иако ниските температури не се невообичаени за жителите на Лерин, феноменот на замрзнатиот водопад предизвика воодушевување и кај локалното население и кај посетителите. Водопадот беше трансформиран во импресивна скулптура од мраз, истакнувајќи ја природната убавина на областа.