Франција повика на поголема координација при повторно отворање на границите на земјите од ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција повика на „поголема координација“ при повторното отворање на внатрешните граници на ЕУ, во момент кога држави-членки најавија такви потези во пресрет на летната туристичка сезона, јави дописникот на МИА.

-Постои итна потреба да се координираме, и тоа ќе биде моја порака попладнево за време на видео конференција на европските министри за туризам, рече францускиот државен секретар за надворешни работи Жан-Баптист Лемоуан на радио РТЛ.

Тој притоа смета дека не може секој да најавува само од своја гледна точка за отворањето на границите.