Франција прв полуфиналист на Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прв полуфиналист на Мундијалот е селекцијата на Франција, која во четвртфиналниот меч во Бостон, ја совлада селекцијата на Мароко со 2-0, и така стана првата репрезентација која се пласираше меѓу најдобрите четири селекции.

Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а можеа да го решат мечот и по првиот дел, откако имаа промашен пенал и уште најмалку три добри прилики. Мбапе изведе пенал, но Боно одбрани и ги остави Мароканците во игра.

Меѓутоа во вториот дел Франција и натаму трпеливо ја чекаше својата шанса, за Мбапе во 60. минута со прекрасен гол го отвори резултатот. Напаѓачот од место од дваесетина метри шутираше прецизно во десниот агол од голот на мароканскиот голман.

Само шест минути подоцна нов „мат“ за Мароканците во режија на Дембеле, кој погоди за 2-0.

До крајот Мароко имаше можност за намалување, но и Франција не искористи шанса за 3-0 преку Матета.