Франција ќе ја повика Европската унија да одгорови на најновата најава на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини, изјави францускиот министер за навдорешни работи Жан-Ноел Баро.
Министерот кажа дека Франција и нејзините евроспки патнери, не треба да се двоумат да ги бранат своите интереси пред заканите од САД.
ЕУ ќе преземе „одмазднички мерки“ против било какви нови американски царини, додаде тој.
Синоќа претседателот Трамп кажа дека деновиве ќе објави реципрочни царини кои ќе стапат во сила веднаш и ќе бидат воведени за увоз на стоки од сите земји во согласност со царинските стапки кои ги имаат за стоките од САД.
Трапм денеска ќе објави царина од 25% за увоз на челик и алуминиум.
