Францускиот предлог ја тресе Владата – ако се прифати, неколку партии ќе го напуштат мнозинството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот предлог за решавањето на спорот со Бугарија се чини ќе ја тресе и владата на нашава земја. Лидерот на ДС, Павле Трајанов изјави дека ќе ја повлечат поддршката кон владата во случај францускиот предлог да стане дел од преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ.

И од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Ковачевски и Османи 6 месеци тајно преговарале со Бугарија и дале “амин“ за францускиот предлог или како што велат, бугаризација на Македонија.

АА сакаат да го видат предлогот во пишана форма и потоа да дадат свој став дали го поддржуваат францускиот предлог, но лидерот на оваа партија, Зијадин Села додаде дека доколку евентуално предлогот содржи Бугарите да се вметнат во преамбулата на Уставот, тие ќе го поддржат.

„Воопшто, се вели дека проблемот е во деталите. Колку време јас не сум напишал предлог на хартија, не можам да дадам изјава бидејќи ќе испадне поинаку, дека АА се занимава со работи кои се пишуваат во медиумите без да се има ниеден документ за да се седне и да се анализира заедно со структурите и членовите на централното раководство кои ги имаме“, рече Села.


Села смета дека пристапот на владата за решавање на спорот со Бугарија и целосно погрешен. Додава дека владата не може да добие легитимитет од народот а потоа да се крие зад Комисијата за историски прашања и не може да се претендира билатерални прашања да решаваат научници. Исто така и партијата на Горан Милевски, вчера на Управен одбор одлучила доколку Владата го прифати францускиот предлог, да ја напуштат Владата. Милевски истовремено е и министер за локална самоуправа во владата на Ковачевски.