Одложено е денешното судско рочиште за предметот „Државна лотарија“ во Основниот кривичен суд Скопје. Следното рочиште е закажано за 11 ноември.
Во предметот се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами и уште шест лица. На последното рочиште, одржано на 30 октомври, сведочеше поранешен член на органите на претпријатието за постапката за набавка на ВЛТ терминалите.
Во меѓувреме, на Бајрами му беше укинат притворот, а како гаранција прифатен недвижен имот вреден над еден милион и 140 илјади евра.
Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања била предизвикана штета од над 596 милиони денари. Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
