„Билд“ открива страшен скандал во кој е врзан и поранешниот играч на Шалке, Јаник Камба. Според пишувањата на „Билд“ тој бил виден жив и здрав, иако во 2016 година бил прогласен за мртов по сообраќајна незгода во неговата родна земја Конго. Наводно Камба во моментов работи во Гелзенкирхен.
Претпоставките биле дека поранешната жена ја лажирала смртта за да може да извлече пари од Германија. Станува збор за шестоцифрена сума. И натаму не е јасно како успеала да се здобие со документ од Конго дека Камба е починат. Неговата екс сопруга засега ги отфрла обвиненијата.
