Фудбалот во Македонија прекина, во Србија на вечното дерби над 20 илјади гледачи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На фудбалското дерби во Србија помеѓу Партизан и Црвена Звезда, синоќа присуствуваа преку 20 илјади гледачи. Овие два тима се најдоа на страниците на сите медиуми, со оглед дека тоа беше меч после пандемијата на коронавирусот.

И додека некои првенства, меѓу кои и македонското, се прекинати и нема да се доиграат, во Србија се врати фудбалот, и тоа со гледачи на трибините.

Стадионот на Партизан вчера беше преполн, имаше навивачи и од двете страни. Во една таква атмосфера домашниот тим Партизан успеа да слави со 1:0 и да се пласира во финалето на Купот.

А, во Македонија во моментов е актуелен вториот бран на вирусот. Само вчера имаше 125 заразени и седум починати. Фудбалот нема да се врати, враќањето во нормала тешко оди, додека во другите земји оди како подмачкано, па може, ете, да си дозволат и да играат фудбал и тоа со полни трибини.