Фудбалот во Македонија претрпе огромна загуба, откако денеска ненадејно почина Дашмир Беари, актуелен селектор на репрезентацијата до 17 години. Имаше 50 години.
Беари работеше и во неколку клубови во Македонија, меѓу кои и Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во Ал Раед во Саудиска Арабија. Исто така беше селектор и на селекцијата до 15 години, како и на репрезентацијата до 19 години.
