Еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Џерард Пике изненади многумина со објавата дека за два дена ја завршува кариерата. Стоперот на Барселона објави дека саботниот меч со Алмерија ќе биде негов последен во кариерата.
Пике одигра 573 натпревари за Барселона, 102 меча во шпанската репрезентација. Освои се што можеше да се освои и на клупски, и на репрезентативен план.
Шпанската Ла Лига со Барса ја освои осум пати, има шест трофеи во Супер Купот, исто толку и во Купот на Шпанија. Трипати ја освои Лигата на шампионите, три пати клупското светско првенство, два пати Супер Куп. Има трофеј и во Премиер-лигата со Манчестер Јунајтед, Лига Куп и Комјунити шилд.
Со Шпанија во 2010 година го освои Светското првенство, а две години подоцна и Европското првенство.
Беше актуелен и во шоу-бизнисот со врската со популарната пејачка Шакира, а оваа година се разведе од неа по афера со друга девојка.
