Гајдаѕис Кнежевиќ: Имам обврска да проговорам за да ги охрабрам родителите да почнат отворено да зборуваат на оваа тема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гости се Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и Мирјана Фотевска со кои разговаравме за ЛГБТ заедницата.

Ги запрашавме зошто токму сега се одлучиле да истапат и да проговорат за своето искуство како родители на ЛГБТ деца.

Славица Гајдаѕис Кнежевиќ се прашува зошто порано не се одлучила на овој чекор.

„Се треба да дојде на свое место. Во последниве година дена размислував многу често затоа што често се среќавав со семејства со коишто поминуваа низ траотни моменти со своите деца. Гледајќи ги нивните состојби и тешкотии со кои се соочуваат се повеќе размилував дека е потребно да се направи нешто повеќе од тоа само нашите пријатели и семејството да знаат за тоа и дека треба да одиме чекор понатаму, дека имам желба и обврска да проговорам за да ги охрабрам родителите да почнат отворено да зборуваат на оваа тема и да се обидеме да направиме групи за поддршка“, вели Гајдаѕис Кнежевиќ.

Таа посочи дека групите со поддршка се за оние родители кои се уште поминуваат низ период на конфузија, шок и неверување со цел побезбедно и побрзо да ја прифатат реалноста на нивните деца.