Гајиќ: Појавувањето на нон-пејпер ќе го врати фокусот кон Западен Балкан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дописникот на РТС од Брисел, Душан Гајиќ, е вечерва соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21, на кој дебатираме за „нон-пејперот“ на Јанез Јанша.

Гајиќ рече дека нон пејперот ќе го врати фокусот кон Западен Балкан, и тоа би можело да биде единствена добра работа во целата оваа ситуација.

„Она што би можело да биде добра работа во целата оваа дебата која настана после појавувањето ана нон-пејперот е да се врати фокусот на Западен Балкан, да се покаже колку брзо може работите да отидат во некоја погрешна насока и да се развие некој вид на негативна динамика во регионот. Јас мора да признам дека  бев склон кон моите лични рефлекси кога се појавија информациите околу ова и кога беше јасно дека тој нон-пејпер постои и дека претседателот на Европскиот Совет Мишел истиот го добил и не му придадов некоја преголема тежина“, изјави Гајиќ.

Гајиќ додаде дека во ЕУ во последните 15 години не се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Гледаме, покрај овие некои отворени прашања на Балканот секако е прашањето за дијалогот помеѓу Косово и Србија, Белград и Приштина, каде последните 15 години се разговара околу тоа во рамките на Европската Унија. Неодамна можев да видам дека на почетокот на статусните преговори помеѓу Белград и Приштина, кога ги предводеше Махти Ахтисари, кој ги доведе до овој план, или од набљудувана независност на Косово до подоцнешно прогласување на независност во 2008 година. Значи таму некаде 2006 година овде во Брисел се изговараа потполно исти формули. Махти Ахтисари, тогашниот комесар за проширување и претседателот на Европската Комисија говореа дека членството во Европската Унија за земјите од Западен Балкан мора да биде отворена, за Србија и за другите, како биле возможни решенија за вакви некои прашања како што е косовското прашање. Истото тоа денеска го изговара Мирослав Лајчак, кој е задолжен во Европската Унија за тој проблем, а никаде перспективи за членство на повидок ниту пак решавање на ова отворено прашање кое е се уште тука. Што ќе се случи за време на словенечкото претседавање после овој скандал останува да се види“, рече Гајиќ.