Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во изјава за ТВ21 рече дека Обединетото Кралство е силен поддржувач на родовата еднаквост и еднаква застапеност на жените, и дека политичките партии во земјава мора да поработат на тоа, и да покажат дека треба сите да се почитуваат во општеството.
„Обединетото Кралство е силен поддржувач на родова еднаквост и еднаква застапеност на жените во сите области во општеството без разлика на нивната возраст, попреченост, раса, религија, етничка припадност и други карактеристики. Кога жените се стекнуваат со поголеми човекови права и учестуваат повеќе во јавниот живот, доброто владеење се подобрува а и се намалува корупцијата. Овие се основни карактеристики за промена на нееднаквата застапеност. Владата на Република Северна Македонија ја изрази својата посветеност за поголема родова еднаквост и застапеност. Политичките партии исто мораат да работат на тоа и да покажат дека сите треба да се почитуваат во општеството. Ние сме среќни што помогнавме во подготовките на Националниот акциски план за имплементација на резолуцијата 1325 на Советот на безбедност на Обединетите Нации – жени, мир и безбедност. Ќе продолжиме да работиме на промоција на родовата еднаквост во процесите за донесување на одлуки во областите на мир и безбедност на национално, локално, регионално и меѓународно ниво’, рече Галовеј.
