За првпат од своето формирање како обединета партија, ВЛЕН денеска одржува седница на Централното собрание во Маврово, која според информациите на ТВ21 се очекува да трае до вечерните часови.
Главна тема на денот е најавената реконструкција на Владата. Веќе е извесно дека од извршната власт ќе заминат Фатмир Лимани и Арбен Фетаи, додека се разгледува и можноста за промени и прераспределба на ресорите меѓу коалициските партнери.
За време на седницата ќе биде направена оценка на функционерите врз основа на нивните резултати и перформанси, ќе бидат презентирани реализираните активности, а ќе се дискутира и за актуелната политичка состојба во државата.
