Ганиу го доби уверението за новиот мандат – по изградбата на базенот, ќе ги отстрани и бетонските барикади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изградба на базен,  ќе биде првата работа која ќе ја направи Висар Ганиу, кој ќе управува со Чаир во наредните четири години. Тој денеска го доби Уверението за новиот 4-годишен мандат.

„Поради локалните избори немавме право да го ставиме камен-темелникот за новиот базен во Топанско Поле. Сите постапки се завршени, операторот е избран и мислам дека ова ќе биде првиот проект на кој ќе работиме, но ова е проект продолжение од претходниот мандат“, посочи Висар Ганиу.

Откако ќе го изгради планираниот базен, Ганиу ќе работи и на проширување на улицата „Цветан Димов“, позната како Чаирчанка. Објавен е идеен проект за оваа улица и истата ќе биде проширена, уверува Ганиу, но не откри кога ќе бидат отстранети бетонските барикади.

„Барикадите, неколкупати рековме дека се привремено решение. Не се долгорочно решение и како што реков и претходно, наш приоритет е проширување на улицата „Цветан Димов“. Со проширувањето на оваа улица, се разбира дека барикадите нема да останат таму“, вели Висар Ганиу.

ТВ21 ги праша чаирчани каква порака имаат за градоначалникот:

По церемонијата, Ганиу им се заблагодари на граѓаните и истакна дека ќе биде градоначалник на сите жители во општината.