Гарванлиев: Клекнав на сцена и пантолоните ми се скинаа, а не носев гаќи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатиот пејач Васил Гарванлиев, кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2020 година во Ротердам, во денешното гостување во емисијата „Урбан таг“ со Валентин Петревски на ТВ21 откри неколку интересни моменти кои му се случиле.

Тој вели дека за време на снимањето на спотот за „Приказна“ имал баш интересна приказна, односно завршил во болница.

„Имавме интересна приказна на снимањето, завршив во болница, но се за кадар“, рече Гавранлиев.

Тој откри и друг многу поинтересен настан кој му се случил при настап во Канада каде пантолоните му се скинале, а не носел гаќи.

Во продолжение можете да ја погледнете целата емисија: