Во следните парламентарни избори се очекува опозициските албански партии Алтернатива и Движење Беса да ги обединат силите. Алтернатива е спремна да ги остави настрана недоразбирањата со Движење Беса и да соработува со нив, изјави секретарот на партијата, Зекирија Ибрахими. Во емисијата Клик Плус во ТВ21, тој извести дека лидерите на партиите, Гаши и Касами, се сретнале и зборувале за можна предизборна коалиција.
„Двајцата партиски лидери, Африм Гаши и Билал Касами, се сретнаа и разговараа дали можат да соработуваат. И во моментот кога ќе се изрази волјата, тоа е првата фаза каде што може да се започне и да се разговара како да се соработува. Раководството на Алтернативата, на претседателот му е дадено овластување да зборува за било каква соработка, било во Парламентот, било во националните совети или за предизборна коалиција.“, вели Ибрахими.
Ибрахими, чија партија до пред 3 месеци беше дел од власта, жестоко ја критикуваше Владата, поточно ДУИ. Рече дека во текот на 20 години владеење на ДУИ, се уште се зборува за вода, канализација и светла.
„Таа партија стана штетна за интересот на албанците во Македонија бидејќи не инвестирајќи во албанските средини, ги исклучи Албанците. Не сакам да се кажам дека се работи за план на српски елаборати за преселување на Албанците, но бројките се многу поголеми од времето на Пашиќ и Ранковиќ. Во период на Југославија се иселиле околу 200.000 Албанци, во периодот на ДУИ се иселиле повеќе од 300.000 Албанци.“, рече Ибрахими.
Аналитичарот, Сефер Селими, е разочаран од албанската опозиција поради тоа што нивната „програмата“е анти-ДУИ, а не излегуваат со нови подобри идеи. Тој ја критикуваше албанската опозиција бидејќи кога се дел од владината коалиција не ги гледаат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
„Симптоматично и загрижувачки е како можат сите други политички партии почнувајќи од АА, ДПА, Беса и ААА, кога се во Влада со ДУИ, за нив се е рај. Не сум ги слушнал за време кога биле дел од Владата да станат и да зборуваат за овие бројки, проблеми, работи, туку само кога излегуваат од Влада.“, вели Селими.
Секретарот на Алтернатива, Зекирија Ибрахими, зборувајќи за опозициската состојба во земјата, зборуваше и за Огнената група. Тој рече дека таа се уште е не дефинирана политички и во таква состојба тешко може да се зборува за една опозициска соработка.
Ибраими рече дека раздвојувањето на Огнената група би било добредојдено, бидејќи на овој начин ќе се формира опозициски фронт кој ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Во меѓувреме и Движењето Беса изрази подготвеност за соработка со Огнената група.
